еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривични за Гоце Михајлоски и Михаела Димовска од ТВ Канал 5 од Левица, осуда од ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги осудува неоснованите приватни кривични тужби од страна на Левица кон новинарот и уредник Гоце Михајлоски и новинарката Михаела Димовска од Канал 5 телевизија, регираат од ЗНМ.

-Конкретно, политичката партијата Левица преку соопштение информираше дека поднеле приватна кривична пријава против главниот и одговорен уредник на Канал 5 ТВ, Гоце Михајлоски, и новинарката Михаела Димовска, поради тоа што во прилог во вестите наводно бил објавен интерен партиски документ.

Во соопштението се додава дека пријавата е за кривичното дело „Неовластено објавување личен запис“, казниво по чл. 148 од Кривичниот законик, и потенцираат дека за истото е „запретена парична и затворска казна до една година“.

Цениме дека ваквата кривична пријава претставува злоупотреба на правните механизми со цел да предизвика несигурност и самоцензура кон новинарите и медиумите во ваков сензитивен период на предизборие.

Проблематично е и што претседател на политичка партија на социјални мрежи објавува заканувачки коментари за овие правни закани кон новинарите, бидејќи на овој начин може да се поттикне говор на омраза кон новинарите и медиумските работници.

Ваквите тужби, посебно кога се иницирани од политичари, пратеници и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните. Овие тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP), велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со иновативната технологија на Македонски Телеком, Скопје станува Паметен град

Редакција

Вечерва прво ТВ соочување на Силјановска, Река и Пендаровски на Телма

Редакција

„Престава од криминалец потврден со судска пресуда„, вели Заев за наводната кандидатура на Боки-13 за претседател на СДСМ

Редакција