еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лавров и Блинкен на едно место: Во Скопје денеска почнува Самитот на ОБСЕ

Во Скопје денеска почнува 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе трае до 1. декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е ОБСЕ, чиј министерски Самит почнува денеска во Скопје

Се очекуваат 76 делегации од 57 земји членки на ОБСЕ и држави партнери на Организацијата.

Главни „ѕвезди“ на Самитот ќе бидат рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кои по инвазијата на Украина од страна на Русија, ретко се на еден настан истовремено, поради санкциите за прелет на руски авиони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија ќе го бојкотираат Советот на ОБСЕ

Поради Лавров, Самитот во Скопје го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина, Дмитри Кулеба и на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија.

На Самитот треба да се избере и кој ќе го земе од Македонија, претседавањето со ОБСЕ. Најверојатно тоа ќе биде Малта.

Една од главните теми се очекува да биде војната во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија го отвори небото

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Вангел Трајчулески од Крушево почина од Ковид-19

Редакција

Коронавирусот во Македонија „влезе„ и во домовите за стари лица

Редакција

Малолетник заработи кривична за тероризам, оти од дома испраќал дојави за бомби

Редакција