Пратеничката група на Левица денеска во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“, изјави на прес-конференција лидерот на партијата, Димитар Апасиев.
Тој очекува дека интерпелацијата ќе биде на дневен ред, на почетокот на септември.
Во образложението, се наведуваат седум причини, а првите две точки се однесуваат на повреда на секуларноста на државата со групната молитва во Собранието што ја направил Гаши и повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП-личности со инцидентот на Скопскиот аеродром пред пет дена во кој учествуваше шефот на обезбедувањето на Гаши.
Основи на барањето Гаши да се отповика од функцијата, според Левица, се и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што Гаши, како што рече Апасиев, „свесно го истиснува македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и воведува илегална двојазичност дури и за пратениците кои се Македонци“, потоа повреда на правилата за употреба на државните инсигнии со тоа што во пленарната сала, спротивно на законот „нелегално стојат уште две други знамиња т.е. знамето на НАТО и знамето на ЕУ каде што ние се уште не сме членки“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши се молеше во Собрание, нарушена секуларноста на државата
Фото: Собрание