еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од Форино изгризан до смрт од животни

Повозрасен жител на гостиварското село Форино е пронајден мртов со рани нанесени од животни во близина на добиточната фарма во атарот на селото, информираа од МВР.

Од СВР Тетово велат дека телото го пронашол неговиот син Р.Е. (48) вчера попладне во близина на штала која ја користел.

Според пријавата, Џ.Е. (83) бил паднат на земја и имал повеќе рани по телото, најверојатно нанесени од животни.

„Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“, велат од СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Оливера Николова, една од најчитаните и најнаградувани македонски пистателки

Редакција

МВР нема да издава лични документи од 23 до 27 јуни

Редакција

Истражување: Зголемен страв кај македонските граѓани од зараза со корона вирусот

Редакција