еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Македонија да го промени Уставот како што вети, порача идната еврокомесарка за проширување, Кос

И идната еврокомесарка за проширување, Словенката Марта Кос, го повтори тоа што периодов на земјава и се порачува од различни страни – Македонија да го промени Уставот, како што вети, за да може да продолжи по европскиот пат.

– Очекуваме земјата кандидат Северна Македонија да го промени Уставот како што вети, ништо повеќе и ништо помалку, рече Кос на вчерашното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), одговарајќи му на бугарскиот европратеник од проруската партија Преродба, Станислав Стојанов, за неговата констатација дека Македонија се обидува да го одложи или ограничи усвојувањето на уставните промени со што би се овозможило рамноправност на Бугарите со останатите делови на народи.

Таа подвлече дека уставните измени се обврска за земјава наведена и во овогодишниот извештај за напредокот на европскиот пат на кандидати за членство, додавајќи дека во процесот на пристапување на Европската Унија (ЕУ) мора да се почитуваат владеењето на правото, човековите права и правата на припадниците на малцинствата.

Таа меѓудругото рече и дека билатералните проблеми не смеат да останат трајни пречки на патот кон Брисел и затоа ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.

На прашање на Стојанов, како планира во исполнувањето на нејзините заложби за брзо решавање на споровите меѓу земјите кандидатки и членките на ЕУ, да ги штити интересите на државите кои се дел од Унијата, Кос рече дека кога станува збор за билтерализацијата нормално е дека приоритет ќе имаат интересите на членките на блокот, но дека таа заедно со нејзините колеги ќе работи на тоа „да не се увезуваат билатералните прашања во процесот на проширување“.

– Но, имаме ситуација како во вашата земја која сега е дел од ова и штом еднаш го имаме преговарачкиот процес, имаме многу повеќе алатки како да им помогнеме на земјите кандидати, а од другата страна и на земјите членки да најдат решението. Нема друг начин и не можам да одредам датум колку долго ќе трае тоа.

Споровите треба да се решаваат врз основа на принципите на нашите вредности. Помагањето на земјите кандидати и на земјите членки ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин, рече таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Мицкоски се сретна со Макрон во Будимпешта: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров наместо Заев ќе учествува на иницијативата „Отворен Балкан“ во Белград

Редакција

Ново поскапување на бензините до 2,5 денари, цената на дизелот останува иста

Редакција

Повредени се 35 мигранти во сообраќајка на патот Гевгелија – Демир Капија

Редакција