еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска го истражува Одделот за општи и заеднички работи во МВР, поради наводни злоупотреби поврзани со тендерските постапки за сервисирање на службените возила на полицијата.

„Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен јавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, соопштија од МВР за Курир.

Неофицијално претреси биле извршени и во неколку економски оператори, меѓу кои и добро познати автосервиси, кои со години наназад ги одржувале полициските возила.

Според сознанијата на полицијата, постоеле сериозни сомнежи дека во процесот на сервисирање се правеле злоупотреби, при што службените возила останувале неисправни со месеци, а потоа, иако формално биле враќани како поправени, повторно завршувале на сервис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО Скопје отвори предистрага за злоупотреби со тендер во МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Заев ескивира од фудбал со министрите, повеќе сака во недела да вози мотор

Редакција

Механизмот на солидарност на ЕУ за вакцини дефинитивно ќе профункционира, вели Филипче

Редакција

Антон Јовиќ е нов генерален извршен директор на велешки „Димко Митрев„

Редакција