еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.052 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.052 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

“По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 123 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 103 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 145 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 18 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 38 во Кичево 36, Кавадарци 73, а во Гевгелија 25 лица позитивно и суспектно на коронавирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, информираат од Министерство за здравство.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.744 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Злате Лозановски на местото на Бранко Геровски во „Слободен печат„

Редакција

Јанева за Стефанова: „Не чинев зошто и го возев мачето”

Редакција

Владата го одобри „францускиот предлог“, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел

Редакција