еМагазин
Image default
Бизнис

Војдан Јорданов назначен за извршен директор на „Триглав Осигурување“

Одборот на директори на „Триглав Осигурување“ АД Скопје го назначи Војдан Јорданов за извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје, со мандат од четири години, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на „Триглав Осигурување“ АД Скопје на својата 174-та седница, одржана на 19.02.2021-та година, го назначи Јорданов за извршен член на Одборот на директори.

Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува од 01.04.2021-та година, односно од денот на дадената согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување за Јорданов за вршење на функцијата член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Јорданов доаѓа од позицијата претседател на Управниот одбор на „Триглав пензиско друштво“ АД Скопје, a својата професионална кариера ја гради во областите ревизија, сметководство, финансии, управување со задолжителни и доброволни фондови и слично.

Функцијата главен извршен директор на „Триглав Осигурување“ АД, Скопје, и понатаму продолжува да ја врши Ѓорѓе Војновиќ, додека мандатот на Рок Пивк за функцијата извршен директор истече на 30.03.2021 година“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Уготур“ ја зголеми сопственоста во „Макошпед“

Редакција

Нормално е да има испади во капацитети за производство на струја стари 40 години, оцени Ковачевски

Редакција

Повеќе граѓани, отколку фирми на новата Листа на должници на УЈП

Редакција