Откако денеска од владејачката Алијанса за Албанците (АА) побараа оставки од партиските кадри, министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, бидејќи застанаа на страната на претседателот Арбен Таравари, двајцата министри одржаа прес-конференција пред Владата и најавија дека нема да поднесат оставки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли смена на министри на АА, поради несогласувањето на Таравари и Села?
„Нема да поднесеме оставка, прво затоа што работевме транспарентно и второ, нашата партија не може да бара разрешување, бидејќи нема основа врз која може да го бара тоа и бидејќи резултатите зборуваат сами за себе“, рече Алиу.
Тие посочија и дека АА е единствена, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешени директори на АА кои застанаа на страната на Таравари
Ја најави ли Мицкоски поделбата во Алијанса за Албанците поради несогласувањето на Таравари и Села?
Уште еден министер застана зад Таравари во несогласувањата со Села
Фото: Влада