еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на Бошко

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на 19-годишниот Бошко Јанкулов, кој боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови. Потребни се 75.000 евра за негово лекување во Турција.

„Уште од првиот ден од објавата за Бошко, и потребата за негово лекување, сум во контакт со неговото семејството. Во текот на утрешниот ден треба и да оствариме средба. Бошко е врсник со мојот најстар син Никола, од се срце сакам ова да е само еден лош сон и да заврши што поскоро.

Од семејната фондација „Никола Јанчев“ ќе бидат одвоени финансиски средства во износ од 10 000 евра, се со цел да започне процесот на лекување. Во наредниот период како приватно, така и преку Општина Кавадарци ќе се организираме да се соберат и дополнителните средства кои се потребни за понатамошно лекување.

Некои работи не се така едноставни и лесно остварливи, затоа да се фокусираме на сплотеност и заедно да направиме Бошко да ужива во младоста и да продолжи понатаму,“ напиша Јанчев на неговиот Фејсбук-профил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19-годишниот Бошко Јанкулов боледува од малиген карцином на коски, карлица и бели дробови – потребни се средства за лекување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деца за восхит: Ана Марија си замина оздравена, откако нејзиниот брат Никола ѝ донираше матични клетки да ја спаси

Редакција

Европската Комисија отвори истрага по наводите за злоупотреба со фондовите Еразмус плус во Македонија

Редакција

Македонија напредна од „хибриден режим“ во „демократија со недостатоци“

Редакција