Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој најави дека ќе го покрене прашањето за употребата на уставното име на државата на престојниот Самит на НАТО во јули, со ново предупредување за идниот македонски премиер Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Мора да го почитува и да даде категорична изјава кога официјално ќе ја преземе премиерската функција дека го почитува Договорот од Преспа. Во спротивно, сè што ќе може да постигне е да има многу непријатно прво искуство кога сите ќе се собереме во Вашингтон на 75-годишнината од НАТО на почетокот на јули.
Очигледно ќе го поставам проблемот таму. Ако сакаат да се приближат кон Европа, патот кон Европа оди преку Грција и преку добри односи со Грција. Истото важи и за Албанија“, рече Мицотакис во интервју за грчката телевизија Антена..
„Грција отсекогаш ја поддржувала европската политика на Балканот. Сепак, ние исто така немаме илузии дека Балканот секогаш ќе биде поле на дејствување за партиите кои инвестираат во националистички екстремизам.
Што се однесува до Скопје, Северна Македонија, мојата порака до идниот мандат е многу јасна – предизборниот период заврши“, вели Мицкотакис.
Тој додава дека на маса е можноста Грција да го блокира патот на Македонија и Албанија кон Европската унија.
„Мислам дека нема да биде потребно да стигнеме дотаму, бидејќи сигурен сум дека на крајот ќе надвладее логиката. Но, мислам дека бев апсолутно јасен“, кажал Мицотакис.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заканите на Мицотакис не се во духот на развивањето пријателски односи, вели Сиљановска Давкова
Фото: Мицотакис/Фејсбук