На новиот Медицински факултет на Меѓународниот универзитет во Струга на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, кој е на т.н. црна листа на САД, неможат да се запишат студенти, бидејќи не се исполнети законските услови, информираа од Одборот за акредитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот на Мерко доби дозвола од Шаќири да се студира и медицина
Во меѓувреме на веб страна на Универзитетот веќе се објавени условите за упис и покрај тоа што Факултетот нема добиено акредитација.
-На Факултетот за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга нема да се запише ниту еден студент и нема да се студира се додека не се исполнат законските услови за акредитација на студиските програми кои согласно Законот за високо образование се суштински дел за една високообразовна институција да започне со работа, велат од Одборот за акредитација.
Фото: Мерко/Фејсбук