еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Трансакции вредни илјадници евра: Менаџерите се раскупуваа акции од „Макпетрол“

Во блок трансакција вредна 15,1 милиони денари или околу 245.000 евра вчера  на Македонската берза се продадоа 211 акции од „Макпетрол“ АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 71.600 денари за акција.

Со тоа продолжи низата блок-трансакции со акциите на компанијата во која меѓу купувачите се јавуваат и нејзините главни менаџери.

Имено, на 29 декември, минатата година „Макпетрол“ АД Скопје преку Македонската берза информира дека членот на Управниот одбор Саша Лекиќ, се стекнал со 10 обични акции од компанијата.

На 29 јануари, годинава преку Македонската берза компанијата информира дека претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски, се стекнал со 90 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.

Пред неколку дена, на 11 февруари во блок-трансакција вредна 21,8 милиони денари или околу 354.000 евра на Македонската берза се продадоа 305 акции од „Макпетрол“ АД Скопје.

И покрај ваквите блок трансакции нема значителна промена во акционерската структура на Макпетрол каде доминантни акционери кои поседуваат над 5 отсто од акциите се јавуваат „Макпетрол“ и „Оилко“.

Истовремено, генералниот менаџер на „Макпетрол“, Андреја Јосифовски се јавува како еден од најголемите акционери во „Оилко“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од „Макпетрол“ за 354.000 евра

Пораст на вредноста на акциите кај најсилните компании од берзата, пад единствено кај „Макпетрол“

Андреја Јосифовски купи акции од „Макпетрол“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

194 нови случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу, 77

Редакција

Државниот инспекторат за труд вработува пет лица, плата до 26.278 денари

Редакција

Во река е претворен дел од автопатот Солун-Атина од бурата „Даниел“ и останува затворен за сообраќај

Редакција