еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нееднаков третман кон граѓаните кои си ги платија документите, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

Нивниот став доаѓа по одлуката на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.

„Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата,“ се вели во соопштението од КСЗД.

Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.

„Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита, итн..

Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните,“ дополнуваат оттаму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

А што со граѓаните кои платија за возачките и сообраќајните дозволи и другите документи со „Северна“?

(Фото) “Цвета“ бизнисот со налепници НМК

Фотографија со Џафери, Маричиќ и Османи од Брисел – хит на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската берза во „црвено“ поради корона вирусот

Редакција

Тетекс со добивка во првиот квартал

Редакција

(Галерија) Убава вест: Парк наместо депонија кај Железничката станица во Мичурин

Редакција