еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Надворешниот бруто долг на Македонија стигна до речиси 10 милијарди евра

Бруто надворешниот долг во последното ланско тримесечје бележи квартално намалување од 323 милиони евра, односно 3,3 отсто, додека нето надворешниот долг бележи раст од 299 милиони евра односно 9 проценти, покажуваат редовните статистички податоци на Народната банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска програма.

– На крајот на четвртиот квартал од 2021 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.547 милиони евра (или 81,4 отсто од проценетиот бруто надворешен производ (БДП)) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра (или за 3,3 проценти).

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.909 милиони евра (или 50,4 отсто од проценетиот БДП) и остварија квартално намалување од 622 милиона евра (или за 9,5 проценти), се наведува во извештајот.

Народната банка посочува и дека нето надворешниот долг изнесува 3.638 милиони евра (или 31 отсто од проценетиот БДП) и е зголемен за 299 милиони евра или за 9 проценти.

Од аспект на структурата и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59 проценти, посочуваат од Банката.

Во текот на четвртиот квартал од 2021 година негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 176 милиони евра и изнесува 7.308 милиони евра, што претставува 62,3 отсто од проценетиот БДП за 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработувања во Македонски железници Инфраструктура

Редакција

Русија тврди дека нема да ја наговара Белорусија за влез во судирот со Украина

Редакција

Основците од утре без маски во училиштата

Редакција