еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема снимка од бегството на Груби преку „Блаце“, камерите снемале батерии, на граница бил заведен како „пешак“

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кој од вчера и официјално е бегалец, откако за него е распишана меѓународна потерница, на Граничниот премин „Блаце„ бил заведен како пешак, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Иако бил во возилото „мерцедес„ на почесниот конзул на Косово, Арсим Папранику, и двајцата од граничната полиција биле заведени дека пешки излегле од Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Папранику, сопственикот на Нептун и почен конзул на Косово, со чие дипломатско возило Груби избега во Косово

Груби бил со македонски пасош, а Папранику со дипломатски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој го пуштил Груби да замине на Косово, бил ставен на стоп-листа

Како што е веќе познато за Груби од МВР имало известување „задржи и веднаш извести“, но  полицискиот службеник Б. Ј. не извршил адекватни проверки за „мерцедесот“ на излез од земјата и не го евидентирал за остварување на излез од државата.

Полицискиот службеник, како што велат од МВР, не почекал системот да утврди дали за Груби има активна мерка „задржи и веднаш извести“, туку веднаш нему и на возачот им ги дал пасошите, по што тие го напуштиле граничниот премин.

Полицаецот ќе биде под истрага на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, се товари дека направил тешка дисциплинска грешка, и е суспендиран од работа.

Од МВР информираа и дека додека Груби ја поминувал границата камерите не снимале, оти снемале батерии.

„Од страна на раководителот на смена Б. А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина, бидејќи тој како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смената, со Мобилен систем за снимање со камери (МССК) и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК.

Откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07.30 часот, од страна на полициски службеници Б. Ј., С. Ф., Б. А., Ф. Ф. и Е. Ш. било пријавено дека МССК не им работат, бидејќи им се испразниле батериите.

Од страна на раководителот на смена Б. А. истите полициски службеници не биле задолжени со други мобилни камери, бидејќи батериите не можеле да се наполнат.

Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на внатрешната контрола, исто така било утврдено дека од страна на раководителот Б. А., откако камерите биле вратени, тие не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со Мобилниот систем за камери“, велат од МВР.

Дисциплинска постапка е поведена и за Б. А..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами

Се виде ли Ахмети со Груби во Приштина?

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата „ќе се бори“ против загадувањето на воздухот со 1,5 милиони евра

Редакција

Повторно раст: Нови 1.396 случаи на Ковид-19 од 11.479 тестирања

Редакција

Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко

Редакција