еМагазин
Image default
Македонија

Поранешниот бугарски претседател Плевнелиев: Бугарија не треба да и удира шлаканица на Северна Македонија

Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев.

Според него, не треба да има манипулации со историјата, но наместо да се промовира лажен патриотизам треба да се засилува активноста и соработката, особено со Северна Македонија. Плевнелиев вели дека и покрај некои нерешени прашања, сепак, има сериозен напредок во односите меѓу двете земји.

– Единствениот кој не ги одобри достигнувањата беше претседателот Румен Радев. Неговиот надворешно-политички неуспех е очигледен. Тој реши да одржи состанок на државниот врв и да повлече црвени линии. Во никој случај не треба да демонстрираме лажен патриотизам пред изборите. Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и да и покажува „црвен картон“ на Северна Македонија. Добро е што Владата со прагматизам и мудрост ја спаси ситуацијата, рече Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Според него, за поголемо приближување меѓу, како што наведува, двата братски народа, потребна е поголема работа и трпеливост, како и проширување на соработката во сите области.

– Колку грчки инвестиции има во Северна Македонија, а колку бугарски? Треба тоа да го подобриме и наместо да се однесуваме како лажни патриоти и да ги комплицираме работите во последен момент, да му заблагодариме на Бога што премиерот Бојко Борисов и вицепремиерката Екатерина Захариева не го дозволија тоа. Наместо тоа, да помогнеме и да ги зајакнеме активностите во регионот, а особено во Северна Македонија. Еден пат не сме направиле таму, немаме ниту еден саглам граничен премин, вели Плевнелиев во изјава за бугарски „Фокус“.

Целта на Бугарија, како што посочува, не е да освојува нови територии, туку да има мир на Балканот, но тоа не треба да биде на сметка и со манипулација на историјата. Според него, Владата на Северна Македонија треба да биде поддржана затоа што конфликтите на Балканот се во интерес само на Русија и на Србија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева: Историското прашање меѓу Скопје и Софија е потешко отколку спорот со Грција за името

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Радев бара „црвени линии“: Македонската евроинтеграција не може да биде на сметка на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 19 лица, најмладиот на 46-годишна возраст

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 412 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Регионални вакцинални пунктови ќе се отворат и во Струмица, Прилеп и Велес

Редакција