еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, велат од Плодност за загинатите лекари

Со длабока болка, тага и неизмерна жалост, ја примивме веста за тешката загуба на нашиот медицински персонал, кој денес загина во сообраќајна несреќа, велат од Плодност, за двајцата лекари и радиолошки технолог, вработени во болницата.

Прим. д-р Александар Ристески, врвниот македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа утринава, доаѓајќи на своите работни места од Прилеп.

Менаџерскиот тим и целиот персонал на болницата Плодност со неверување во текот на денот ја примија веста и со длабока тага им изразуваат почит на прерано загинатите колеги, велат од таму.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејства на нашите колеги, за прераната загуба на нивните членови на семејствата. Секој од нив имаше свое посебно место во нашата болница и во нашите срца.

Прим. д-р Александар Ристески беше врвен бренд во македонската радиологија, но и во светски рамки. Неговата десна рака и соработник, радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, беше неизоставен дел од Одделот за рентген дијагностика. Спец. гинеколог д-р Никола Василески долги години беше дел од гинеколошкиот тим на доктори во нашата болница.

На достоен начин, Болница Плодност секогаш ќе ги памети нивните дела, но и нивните насмевки, топли зборови и секогаш отворени срца за пациентите и за колегите. Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, но најмногу во аналите на историјата на Болница Плодност“, изјави прим. д-р Таше Трпчевски, менаџер и сопственик на болницата Плодност.

Со соодветен комеморативен настан, болницата Плодност ќе им оддаде почит на трагично загинатите колеги, посочуваат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Двајца лекари и рендген техничар се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дивеење, сообраќаен хаос, гласна музика: Зголемено присуство на полиција во Капиштец и Дебар Маало

Редакција

Препораки од АХВ: Топлото време ризик од труење со храна и опасност за животните

Редакција

Клиниката за гинекологија вработува 38 лица, плата до 24.000 денари

Редакција