Известувач од Љубљана, за еМагазин.мк, Силвана Жежова
НЛБ Групацијата работи на влез на хрватскиот пазар, но најпрво тоа би се случило преку нудење на лизинг услуги, а потоа банкарски. Ова беше истакнато на конференцијата во Љубљана, на која беше претставена деловната Стратегија на НЛБ Групацијата.
Претседателот на Управниот одбор на НЛБ банка, Блаж Бродњак изјави дека кога ќе се влезе на хрватскиот пазар, НЛБ Групацијата ќе го комплетира своето работење во регионот.
„Работиме на пробивање на хрватскиот пазар. Решаваме прашања кои сме ги наследиле од Југославија, и пречките мора да ги отстраниме. Посветено работиме веќе 10 години, ако треба ќе чекаме уште пет.
Очекуваме одлука за влез на хрватскиот пазар со нудење на лизинг услуги, а потоа и со банкарски услуги,“ изјави Бродњак.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“