еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нови директори на РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино

Подружниците на државното акционерско друштво ЕСМ, РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино добија нови директори.

Тони Петрушевски е нов директор на РЕК Битола. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.

Петрушевски е дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор.

Сашо Вренцоски е нов директор на РЕК Осломеј. Тој е дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, велат од ЕСМ.

На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За в.д. Директор на подружницата ТЕЦ Неготино, е назначен Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кабтел“ го доби тендерот Град Скопје за набавка на електрични машини за вакуумско собирање смет вреден 373.000 евра

Редакција

Колку компании има вицепремиерот Кочо Анѓушев?

Finance Talks by EOS: Царините од САД ќе имаат индиректно влијание врз домашната економија – потребно е редефинирање на даночната и фискалната политика и потрага по нови пазари

Редакција