Обвинетиот Влатко Кешишев ја однел полицијата до местото каде што била закопана 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, кажа на денешното рочиште Музафер Каришиќ, сведок на Јавното обвинителство, кој кога почнала истрагата бил помошник на началникот на СВР за криминалистички работи.
Како што е познато таа беше пронајдена кај местото Бразда, а Кешишев најпрво им го покажал запалениот автомобил на убиениот Панче Жежовски од Велес, а на неколку метри погоре по едно тесно црно патче, како што кажа сведокот, дошле до местото на убиството.
-Ни покажа со главата, онде кај перниците (дупката била затрупана и покриена со перници и јорган), копавме и се појави нога и нос на тело, рече Каришиќ, според кого Кешишев долго се предомислувал да каже од страв дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо ќе го убие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Таткото на Вања на полицијата и кажал дека таа е киднапирана и убиена и дека џабе ја бараат
Палчо ќе го брани уште еден адвокат