еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство повлече две, од трите обвиненија против Цветан Панделевски за “Империја“

Основно јавно обвинителство (ОЈО) донесело одлука да се повлечат две од трите обвиненија против Цветан Панделевски за случајот „Империја“, информираат од неговиот адвокатски тим и велат дека OJO со овој чин ги потврдил сите аргументи кои Панделевски ги објаснувал пред јавноста и Судот, односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ.

„Со ниту еден доказ обвинителката Лиле Стефанова во целиот период од седум години од кога е започнат случајот не објасни и не кажа за кое дело беше гонет Цветан Панделевски.

Наместо објаснување од страна на Стефанова за целиот изминат период се случуваа закани и уцени дека ќе ги прошири делата и кон неговото најблиско семејство.

Семејството Панделевски беше под притисок од страна на структури на моќ, целосно неповрзани со правните аспекти на предметот Империја, но притисоци кои направија непоправлива штета на компаниите на Цветан Панделевски,“ велат од неговиот адвокатски тим.

Од таму велат дека кривичната постапка пред седум години започна како шоу – настан и во годините кои следеа Цветан Панделевски и неговото семејство поминаа низ полициски структури кои со автомати вооружение правеа претрес во нивните домови, притворска казна изречена без ниту еден доказ за нејзина основа, на медиуми беа прикажувани шеми со оф-шор компании во кои наводно Панделевски бил дел, седум години закани континуирани кон семејството дека ќе му ги киднапираат внуците, континуирани штети врз работата на компаниите нивна блокада, доспевање на сите кредити, забрани за нови кредитирања на сите компании поврзани со членови на семејството.

„И, денеска после сите притисоци и уцени, дури и ОЈО јавно потврди дека Цветин Панделевски не направил ниту штета на државата, ниту дека има оштетени, обвиненијата се повлекоа (две од три), исто така не е сопственик на никаква оф-шор фирма, ниту пак има каква било поврзаност со такви компании, не се појави ниту утврди ниту еден единствен доказ дека се случило перење на пари од страна на Панделевски, не се појави ниту еден оштетен акционер од страна на Панделевски, целиот случај Империја се сведе на наводна измама на Кираца Трајковска,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека ОЈО и Лиле Стефанова го продолжуваа процесот против Панделевски само за наводна измама на Кираца Трајковска.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гепек во најава“: Твитер реакции за тоа дека бизнисменот Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17. јули

Редакција

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Редакција

Вкупно 3.280: Од Ковид-19 починаа 15 лица

Редакција