Од утре граѓаните на Скопје ќе плаќаат нова повисока цена за парното греење.
Како што информираа од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), цената се зголемува за 5,03%.
Зголемувањето доаѓа по барањата на државната ЕСМ за корекција на цената поради поскапувањето на природниот гас.
Со новата цена ако досега едно домаќинство плаќало 2.100 денари за парно греење, сега ќе плаќа 2.200 денари.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.