еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Остро предупредување од потпретседателот на Европската комисија до Македонија за Договорот од Преспа

Остро предупредување за почитување на Договорот од Преспа од страна на Македонија стигна и од потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас.

-Има уште време да го напушти ќорсокакот на националистичкото заострување и ревизионизмот. Се надевам дека едногласните реакции на европското и атлантското семејство на нивните први изјави и постапки ќе бидат храна за размислување за носителите на одлуки во Скопје, рече Схинас од Солун.

Во врска со тоа што македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова не го употреби уставното име за време на заклетвата тој посочи дека „првите примероци на пишување на новото раководство на Северна Македонија покренуваат сериозни прашања за политичкиот и правниот поредок“.

Тој, како што пренесуваат грчите медиуми, потсети и на острите тонови кои дојдоа од Европската Унија (ЕУ) и предупреди колку е важно Македонија како кандидат за членство во ЕУ да не ги бранува соседите.

-Никој во ЕУ не е подготвен да толерира овие логики да се воведат во ЕУ. Никој нема да заложи за членство во ЕУ на земја-кандидат што отстапува од своите обврски и ги вознемирува соседите кои се веќе членови на европското семејство.

Нема да се толерира никакво националистичко или популистичко повлекување во регион на кој му требаа децении за да се надминат длабоките јазови што ги отвори војната и етничките конфликти, рече Схинас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија ги повика Македонија и Грција да го почитуваат Договорот од Преспа

САД разочарани од Силјановска, ќе следат дали новата влада ќе го почитува Договорот од Преспа, вели посекретарката на Стејт департментот

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ескобар денеска во Скопје за уставните измени, Мицкоски посетата ja гледа како секоја друга

Редакција

Каков имот пријавила Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Македонија

Редакција

(Видео) „Никој како ти“: Дует на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев

Редакција