еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Осум лица вмешани во убиството на Хебиб Буњаку: Детали од Обвинителство за пресметката во Чаир поради сообраќајно недоразбирање

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривичните дела – убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта меѓу 10 и 11. февруари во скопската општина Чаир.

Постапка е поведена и за уште две лица за дејствија на помагање по извршување на кривичното дело, затоа што по настанот сокриле два пиштоли, помагајќи на дел од осомничените да не бидат откриени.

„На критичниот ден, на паркинг на улицата „Втора Македонска Бригада“, по претходна вербална расправија поради сообраќајно недоразбирање кај поликлиника Чаир, започнала вооружена престрелка меѓу две групи, при што првоосомничениот 28-годишник, со употреба на огнено оружје, со умисла го лишил од живот оштетениот Хебиб Буњаку и го довел во опасност животот на уште едно лице.

Уште петмина осомничени исто така директно учествувале во престрелката, возвраќајки со дејствија на помагање и соизвршителство во убиство и обид за убиство. Последните двајца осомничени, по престрелката сокриле два од пиштолите користени во оружениот инцидент,“ се вели во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител предложи мерка притвор за двајца осомничени за дејствија на убиство и обид за убиство, како и мерка куќен притвор за уште еден од осомничените. Притвор е предложен и за двајцата осомничени за кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело.

По три лица полицијата се уште трага. Се преземаат и натаму дејствија за целосно расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што сѐ е познато за убиството на Хабиб Буњаку

Во престрелката учествувале повеќе лица, детали за убиството на Хабиб Буњаку од Обвинителството

Убиениот Хабиб Буњаку работел во МЕПСО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 10 должници на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Васил Јованов е пресметлив и психички здрав, вели неговиот адвокат

Редакција

Режисерот Мајкл Мур иронично ги повика Американците да ја посетат Македонија

Редакција