еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендиков го даде првиот исказ, тврди дека бил нападнат оти се чуствувал како Бугарин

Охриѓанецот Христијан Пендиков, поранешниот секретар на затворениот бугарски клуб во Охрид, кој подоцна стана бугарски државјанин, денеска во Основниот суд во Охрид, го даде својот прв исказ за физичкиот напад врз него на 19. јануари годинава.

На судењето против Илија Спасески од Охрид и Борче Ангелов од Битола, кои се обвинети за неговиот напад, тој меѓудругото рече дека тие му нанеле тешки телесни повреди и дека го навредувале на национална основа оти се чуствувал како Бугарин.

Адвокат на Спасески, Димитрија Цобоски по рочиштето повтори дека во случајот е вмешана политика и дека не се работи за напад поради национално чувство, подвлекувајќи дека семејство на Спасески добило орден од бугарски министер за надворешни работи за укажана помош при спасување на бугарските државјани во бродската несреќа во Охрид од пред неколку години.

– Во целата работа е замешана политиката, бидејќи со претседателски авион на Република Бугарија некој да се земе од една држава и да се носи во друга држава е нон сенс, не забележано, рече меѓудругото Цобоски, кој најави дека ќе приложи и дополнителни докази за да се разјаснат работите.

Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски пак смета дека се работи за напад поради национални чувства и дека одбраната нема докази за спротивното тврдење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

(Видео) На судењето презентирана снимка од нападот на Пендиков

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата објави список: Кои компании добија државна помош, а не им исплатија плати на работниците

Редакција

Директорот на охридската болница тврди дека лицето кое се вакцинирало било активно вклучено во справување со Ковид-19

Редакција

Македонија останува во црвената категорија земји за патување на Кипар

Редакција