еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Повреден од пожарот во Кочани се враќа од Бугарија, во странство се лекуваат 55 лица

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа во земјава еден повреден од пожарот во Кочани, кој беше на лекување во Бугарија.

Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 повредени.

Непроменета останува состојбата на повредените кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 повредени, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, по еден на Клиника за токсикологија, на Клиника за детска хирургија, на Клиника за пулмологија и во ГОБ 8 Септември, како и двајца во приватната болница Систина.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија го победи Гибралтар во вториот меч во Лигата на нации

Редакција

Тетекс со драстичен пад на добивката

Редакција

Во јануари годишен раст од 4,5% на вкупните депозити и од 8,5% на кредитите

Редакција