еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Порталите од здружението Онлајнмедиа нема да ги снимаат и фотографираат испраќањата на загинатите во кочанската трагедија

Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално, информираат од Здружението на порталите Онлајнмедиа (onlinemedia.mk).

-Бидејќи, загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна и воопшто не се потребни светлата на камерите да сведочат за скршените души што ќе се збогуваат со своите чеда за последен пат.

Редакциите на членките на Онлајнмедиа одлучија да не се снимаат погребите на загинатите не само во Кочани, туку и во сите други градови во земјава.

Исто така, членките на Онлајнмедиа нема да објавуваат видеозаписи и фотографии од погребите, ниту од други медумски куќи.

И жителите на Кочани до медиумите упатија апел да не се злоупотребува трагедијата и тагата на луѓето за сензационализам и да се обезбедат достоинствени услови за погребите, велат од таму.

еМагазин е член на Здружението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медиумите да се држат настрана од погребите и да се почитува личната болка на семејствата, апелираат од АВМУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил новиот градоначалник на Штип, Сашко Николов

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ со протестна нота до Министерство за здравство за вчерашниот извештај за починати пациенти од Ковид-19

Редакција

Лидерот на „Златна Зора“ доби 13 години затвор, убиецот на антифашистичкиот активист и рапер доживотен затвор

Редакција