еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Правото на глас може да го искористат 1.814.317 граѓани

На седмите претседателски избори се гласа на 3.480 избирачки места во земјава, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.814.317 граѓани.

Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија (ДИК), за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена работа или престој во странство, а 2.147 се на издржување казна затвор или се во притвор.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во дипломатско конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии се евидентирани 2.569 избирачи, како и 191 член членови и заменик членови на избирачките одбори кои ќе спроведат гласање во дипломатско-конзуларните преставништва.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување, како и двајца избирачи со статус на внатрешно раселени лица, согласно евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Вчера, ден пред изборите можеа да гласаат вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија не се откажува од рускиот гас, Киев обвинува дека европските земји ја финансираат војната против Украина

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе барање за предвремени парламентарн избори, оставка на Заев и формирање техничка влада

Редакција

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Редакција