Првоосомничениот за планирање на терористички напади во Виена, Беран Алији (19), за време на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт, сега се брани и вели дека немал намера да убива, иако претходно призна дека ги планирал нападите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беран Алији, главниот осомничен за планирање терористички напади во Виена, ретко доаѓал во Гостивар
Како што пренесуваат австриските медиуми, неговата адвокатка изјавила дека тој само бил заинтересиран за идеите на Исламска држава (ИД).
Алији преку својата адвокатка изјавил дека не е поддржувач на терористичката група ИД и дека не планирал да изврши напади.
Според неговата адвокатка тој стапил во контакт со ИД минатиот месец, а тој бил само заинтересиран и си „поигрувал со тие идеи, но немал сериозна намера да изврши напад. Само сакал да биде кул“.
Таа потврди дека изработувал бомба читајќи инструкции од интернет, но вели дека бомбата немало да профункционира бидејќи не била со соодветен квалитет. Според неа тој сакал бомбата да ја тестира во шума и не планирал да убие луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ