еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прегласување ќе има на четири избирачки места, одлучи ДИК

Прегласување ќе има на четири избирачки места, одлучи Државната изборна комисија (ДИК).

По приговор на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, прегласување ќе има на избирачкото место 1272 во Општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево.

По извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека записникот не е правилно пополнет, а имало и корекција во делот на гласачите внесени со рачен внес.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

По приговор на коалицијата „Вреди“, прегласување ќе има и во Желино на избирачко место 2102, бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во уредот за отпечаток од прст, туку гласале само со матичен број и со скенирање на личната карта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Групни приговори до ДИК за парламентарните избори

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зелена револуција“ ја услови средбата со премиерот Заев со реализација на седум итни барања

Редакција

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот остануваат исти

Редакција

Да помогнеме во лекувањето на осумгодишниот Теодор, кој е со тежок спектар на аутизам

Редакција