Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е тајна дека граѓаните не се задоволни од начинот како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас, одговорајќи на новинарското прашање во однос на најавата за постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет.
Тој смета дека можеме да избереме Судски совет, којшто објективно, без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште.
„Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалиите. Но, можеме да избереме Судски совет, којшто објективно, без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки,“ истакна Мицкоски и изрази надеж дека доколку парламентарците изгласаат недоверба или интерпелација на членовите на Судскиот совет, дека тие истите ќе бидат доблесни и ќе се повлечат.