еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Двајца браќа од Охрид нарачале два килограми кокаин од Бразил, дрогата „фатена“ на аеродромот во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 09.11.2024 година во 23.50 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром-Скопје“, откако му бил одбиен влез во државата, полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Д.С.А.Д. (34) од Бразил, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

-При претрес над бразилскиот државјанин од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Полициската станица за граничен надзор „Меѓународен аеродром- Скопје“ во соодејство со Царинска управа, при што е употребено и службено куче од мобилен тим од Царинската управа, во еден од двата куфера на Д.С.А.Д. биле пронајдени два килограма кокаин.

Извршен е службен разговор со Д.С.А.Д., кој признал дека бил ангажиран од македонски државјанин за надомест од 5.000 евра да го изврши транспортот на дрогата од Сао Паоло до Скопје.

Врз основа на прибрани сознанија за лица инволвирани во транспортот на дрогата, во содејство со СВР Охрид, по претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, бил извршен претрес во Охрид кај браќата Ќ.Н. (36) и Х.Н. (28), кои по претресот се лишени од слобода.

Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Струга се извршени претреси на две локации, кај С.К. (36), за кого е распишан и распис за приведување.

Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе биде поднесена кривична пријава против четири лица инволвирани во организирањето и вршење на транспорт на два килограми кокаин, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанка си го бара сопругот

Редакција

Утре ден на жалоста за почит на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција

Над 11.200 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Редакција