еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Меѓународниот кривичен суд почна истрага за воени злосторства во Украина

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина.

Обвинителот од МКС, Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст– Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство.

Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори“ да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови.

На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро“, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот

Редакција

Нови 120 случаи на Ковид-19, во Скопје 63

Редакција

Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149

Редакција