еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Ковачевски-Шолц: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геостратешко позиционирање во регионот

Војната во Украина покажа дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан не е само прашање на проширување, туку и геостратешко позиционирање во регионот, а Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите со ЕУ и граѓаните на земјата очекуваат и Брисел да го исполни својот дел од обврската.

Ова го посочил премиерот Димитар Ковачевски, кој за време на неговата работна посета на Брисел оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, во рамки на учеството на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на вонредниот Самит на шефови на држави и влади на НАТО.

Премиерот Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, го информирал канцеларот Шолц за напредокот во дијалогот со Бугарија, што има за цел да го деблокира процесот за свикување на првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Брисел за почеток на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Двајцата соговорници на средбата изразиле големо задоволство од континуираниот развој на пријателските односи кои се рефлектираат и во економската соработка и трговската размена.

Двајцата шефови на влади ги нагласиле и заеднички споделените ставови во однос на воената агресија на Русија во Украина, при што премиерот Ковачевски потенцирал дека Македонија се приклучи кон санкциите на ЕУ кон Русија согласно целосната усогласеност со надворешната и безбедносната политика на Брисел, додаваат од владината прес-служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Редакција

Производството на струја се зголемува, се вложуваат напори да не поскапи, велат од ЕСМ

Редакција

„Неотел“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на телекомуникациски услуги вреден 200.000 евра

Редакција