еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ципрас на гости кај Заев во Струмица

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска е во приватна посета на Струмица, на покана на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на МИА од Атина, станува збор за еднодневна приватна посета.

Во периодот кога Заев и Ципрас беа премиери на двете земји беше потпишан Договорот од Преспа, а оттогаш одржуваат пријателски односи.

На Конгресот на СИРИЗА одржан минатата година, додека Ципрас беше претседател на партијата, присуствуваше и Заев кој им се обрати на членовите на партијата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Куманово и Прилеп повеќе заболени од коронавирусот на 100 илјади жители, отколку во Дебар

Редакција

„Песна над песните“ избор од поезијата и размислите на Ацо Шопов, ќе биде промовирана во четврток

Редакција

По оставката, Павле Богоевски има право на апанажа од една година

Редакција