еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува за половина денар

Од полноќ поевтинуваат „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на „Еуросупер БС-95“ се намалува за еден денар, а на „Еуросупер БС-98“ за половина денар.

Согласно одлуката на РКЕ, „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а „Еуросупер БС-98“ по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар.

Непроменета останува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство.

Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Наташа Гоџоска, која е избрана за обвинител во Вишто јавно обвинителство Скопје

Редакција

Глигорие Гоговски купи 2.000 акции од ТТК Банка

Редакција

Вработените во ЈСП бараат плата: Раководството апелира МОН и општините да го подмират долгот

Редакција