еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Продолжува растот на цените на угостителските услуги

Државниот завод за статистика соопшти дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон по блокадата: Иднината на Македонија и Западен Балкан не мора да биде во ЕУ

Редакција

Македонија со пораз го започна Светското првенство во ракомет

Редакција

(Фото) Пендаровски со првата дама го пречека полскиот колега Дуда

Редакција