еМагазин
Image default
Бизнис

Расте бројот на должници кон УЈП

Управата за јавни приходи ја објави јануарска Листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2023 и неплатени до 31.12.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На истата се објавени 1.857 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 3.716 физички лица (повеќе за 74 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 10.108.704.233 денари, (повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа).

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите должници на новата Листа на УЈП, меѓу нив се уште фирма поврзана со Мијалков

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре почнува етапната исплата на јануарските пензии

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на прилепскиот затвор за набавка на масло за греење вреден 50.000 евра

Редакција

„Лидл“ отвора супермаркет во Македонија

Редакција