еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Се бара дете родено на 12.02 од социјално загрозено семејство или на самохран родител за да добие бесплатна роденденска прослава и подарок!

Од невладината Проект Среќа информираат дека по инцијатива на девојка која ги контактирала, се бара дете родено на 12.02 или блиску до тој датум, од социјално загрозено семејство или на самохран родител од Скопје, за да добие бесплатна роденденска прослава и подарок.

„За скоро време ми е роденден, на 12.02 полнам 23 години. Сакам овој роденден да го прославам на поинаков начин и среќата да ја споделам со детенце кое можеби никогаш до сега не дувало роденденски свеќи, не јадело пица или не добило поклон за роденден.

Затоа ми треба ваша помош, дали можеби познавате детенце од социјално загрозено семејство, или дете на самохран родител од Скопје? Би сакала да му/и подарам роденденска торта и заедно да си ги прославиме родендените. Или доколку е можно би седнале на пица и сокче.

Верувам дека насмевката на лицето на некое детенце ќе ми биди најдрагиот поклон овај роденден“, стои во пораката од девојката до невладината.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отсуство на дел од обвинетите, за 14 октомври се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово

Редакција

Студенти го учат бизнисот во македонските компании кои се дел од групацијата „Балфин“

Редакција

Министерката во заминување, Стефоска: Никој не ме праша за конкретните причини зошто треба да заминам и што е сработено

Редакција