Сите реагенси се исправни, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) по исклучувањето од струја на фрижидер и комора на Одделот за бактериологија, каде се чуваат реагенси, за испитување на заразни и незаразни болести, меѓу кои и за актуелната епидемија – голема кашлица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму посочуваат дека денеска добиените резултати покажуваат дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на Одделението за бактериологија.
-На 31. јули беше утврдено дека комора и фрижидер на Одделението бактериологија во ИЈЗ беа оставени без електрично напојување поради исклучен осигурувач.
Веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување. Направени се сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на резултат беа потребни 24 часа.
Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството истражува дали имало саботажа во ИЈЗ
Фото: МЗ