Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, по повод чествувањето на Св.Кирил и Методиј.
„Особено е значајно за нас, оти тоа е местото каде што светите браќа ја носат глаголицата и каде што за прв пат се одобрени словенските богослужбени книги.
Положив венец пред спомен-плочата на македонски јазик, поставена во сеќавање на големите дела на светите браќа Кирил и Методиј, втемелувачите на словенската писменост, духовност и култура.
Оддадов почит и на гробот на Неговата светост, папата Франциск, чијашто мудрост, скромност и посветеност на мирот, остави траен белег во срцата на луѓето ширум светот,“ напиша таа на својот профил на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј повика на единство
Фото: Кабинет на претседателката