Словачкиот премиер Роберт Фицо (59), кој вчера беше застрелан со неколку куршуми и се бореше за живот, не е повеќе во животна опасност, информираше словачкиот вицепремиер Томаш Тараба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Објавена снимка од атентатот на словачкиот премиер, напаѓачот е 71-годишен писател
Тој соопшти дека операцијата поминала добро.
Според словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак, операцијата траела неколку часа, а словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток, за кој нападот е политички мотивиран, информираше дека Фицо со еден куршум бил погоден во стомакот, а со друг во зглоб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По атентатот словачкиот премиер се бори за живот
Објавена снимка од евакуацијата на словачкиот премиер откако беше застрелан
(Видео) Пукано во словачкиот премиер, ранет е и е префрлен во болница
Фото: Фицо/Фејсбук