Српскиот рок-музичар и член на жирито на српското музичко шоу “Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорге Давид, кој прегази 49-годишна жена од Куманово, која почина, не ја напуштил Македонија, информираа од Основното јавно обвинителство Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот музичар Ѓорѓе Давид ја прегазил жената која почина во сообраќајката кај Табановце
Денеска српските медиуми објавија дека тој ја напуштил земјава и се вратил во Белград, а информацијата ја пренесоа и македонските.
Од кумановското Обвинителство информираат дека тој утринава се јавил во Судот, како што му е определено од Обвинителството.
„Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила.
Согласно информациите кои ги има Обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено“, велат од Обвинителството, од каде посочуваат дека резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За сообраќајката кај Табановце се огласи српскиот музичар Ѓорге Давид: Удрив во пешак
(Видео) 49-годишна жена загинала во сообраќајката на автопатот Куманово-Табановце