На престојното Собрание на акционери на Стопанска банка АД Скопје една од предлог-одлуките на дневниот ред е прераспределбата на акумулираната добивка, соопшти Банката преку Македонската берза.
Според истата Собранието на акционери ја одобрува прераспределбата на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од 2.460.000.000 денари.
Наведениот износ не е расположлив во иднина за исплата на дивиденда на акционерите (ограничена за распределба на акционерите).
-Горенаведеното е со цел да обезбеди коефициентот на адекватност на капитал да биде усогласен со регулативните барања пропишани од страна на Народна Банка на Република Северна Македонија.
Воедно, наведеното ќе биде во поддршка на Деловниот план на Банката во следниот период.
Дополнително, ова ќе го зајакне основниот капитал на Банката преку прераспределба на акумулирана добивка во акумулирана добивка која нема да биде расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите) и ќе служи како основа за подршка на деловните и развојните цели на Банката, појаснуваат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владимир Филиповски и Сашо Ќосев повторно предложени за членови на НО на Стопанска банка Скопје
Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје
Стопанска банка Скопје лани со зголемена добивка за 36%