еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Студениот бран ќе донесе само повремен снег на планините

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег.

Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег.

Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Ловечката федерација се вклучи во потрагата по Вања Ѓорчевска

Редакција

Европски политичари сакаат да го номинират Зеленски за Нобелова награда за мир

Редакција

Најголем дел од денешните дојави за бомби во училиштата – лажни, проверката во останатите продолжува

Редакција