еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиот совет го разреши судијата Наќе Георгиев, кој ќе лежи три години затвор за поткуп

Судскиот совет го разреши врховниот судија Наќе Георгиев, кој треба да лежи три години затвор за примање поткуп од 10.000 евра.

„Граѓаните да се одважуваат и пријавуваат до Судскиот совет и до другите надлежни органи секое коруптивно дејствие преземено од страна на судија. Секој случај кога судија лично или преку посредник ќе им побара поткуп или било какво дејствие или, пак, услуга заради влијание или донесување на судска одлука“, изјави претседателката на Советот, Весна  Дамева.

Според нејзе, не смее да се дозволи поединци како Георгиев да ја уриваат сликата за целото судство и дека виновниците имаат име и презиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Наќе Георгиев, кој призна дека земал поткуп и се спогоди со Обвинителството

Врховниот судија Наќе Георгиев се спогоди за три години затвор за земање поткуп од 10.000 евра

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста не дозна кој се е вплеткан и каде се парите: „Рекет“ пред обвинение

Редакција

Кој е Игор Филков, кандидат за министер за правда

Редакција

Нема решенија и на новиот состанок поради бугарското инсистирање на нивното гледање за минатото, велат од македонскиот тим на Комисијата

Редакција