Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи не го поминала “филтерот“ на Европската Унија за да биде наша амбасадорка таму, објави порталот МКД, повикувајќи се на дипломатски извори.
Претходно функционерската на ДУИ не го помина ни „филтерот“ на Стејт департментот, за да биде наша амбасадорка во Вашингтон.
На оваа информација реагираа од Министерството за надворешни работи (МНР), од каде истата ја оценија како шпекулација.
Како што посочуваат од МНР, таков предлог воопшто не бил пратен.
-Министерството за надворешни работи ги демантира шпекулациите кои се појавија во одредени медиуми дека не е прифатено барање за агреман за амбасадор на Република Северна Македонија во Брисел од причини што досега воопшто не е пратен предлог за добивање на агреман до Европската Унија, затоа што се уште нема усогласен предлог на државата за амбасадор, се вели во реакцијата од МНР.
Фото: Арифи/Фејсбук