еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Т.н. дискотека работела со фалсификувана лиценца, осомничени 20 лица помеѓу кои и поранешни функционери

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека за пожарот во т.н. дискотека во Кочани се осомничени повеќе од 20 лица, околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените се починати, дел се во болница.

„Дел од приведените се луѓе кои имаат директна вина за овој кривично-правен настан, односно приведено е едно лице кое е организатор и имаме сомнение дека има директна вина.

Приведени се поранешен државен секретар на Министерството за економија, раководител на сектор во ова Министерството, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и тројца вработени,“ рече Тошковски.

Тој потенцираше дека лицата по кои беше издадена потерница се најдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По четворица е распишана централна потерница, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани

Тројца малолетни лица починати, а повредени повеќе од 20 малолетници во пожарот во Кочани

Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155

Фото: 360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот амбасадор во Тирана: Русија не се меша во Македонија, но земјата не треба да се брза во НАТО

Редакција

Тито Петковски: Бугарија беше и останува отворен непријател на Македонија и Македонците

Редакција

Хоџа не е повеќе министер за земјоделство, во Собранието констатирана неговата оставка и на замениците министри за образование и за култура

Редакција