Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци лани остварила вкупни приходи од продажба во износ од 3.592,7 милиони денари, кои се зголемени за 15% во однос на 2023 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Зголемувањето на приходите се должи на зголемени приходи генерирани од домашниот пазар за 11% и од странските пазари за 18%.
Зголемените административни трошоци за 8%, трошоци за продажба и маркетинг за 28% и останатите оперативни расходи за 48%, резултираа со оперативна добивка во износ од 350,1 милиони денари.
Финансиските расходи се зголемија за 16,8 милиони денари.
Остварена е добивка од редовното работење пред оданочување во износ од 296,6 милиони денари и нето добивка по оданочување во износ од 276 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) 15. издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“